Застана пред жената за да не ја погодат куршумите – Бегај љубов, кажи им на децата ги сакам


Додека терористите на ИД во познато одморалиште во Тунис пукале во туристите, еден Британец се жртвувал себе си и со своето тело ја заштитил вереницата. Во него се испукани три куршуми, а по нив преживеал срцев удар.heroj-1.jpg-500

Младата двојка од Велика Британија беше во центарот на вниманието за време на нападот на Сус. Британецот Метју Џејмс (30) воопшто не се двоумел кога почнале пукотниците и веднаш застанал пред вереницата за да ја заштити.

-Тој прими куршум за мене. Му го должам животот затоа што се фрли пред мене кога почнаа пукотниците. Беше прекриен во крв и ми рече само да трчам колку можам подалеку за да преживеам. Ми рече дека ме сака и да тргнам и на децата да им пренесам дека ги сака. Тоа беше најхрабриот чин на кој сум присуствувала, но едноставно неможев да го оставам да лежи затоа што пукотниците сеуште траеја. Побегнав назад во хотелот, а секаде наоколу беше хаос. Во базенот пловеше тело обвиено во крв. Неможам да објаснам колку беше страшно, само вресок и пукотници. Пресреќна сум што Метју преживеа, затоа што многумина го загубија животот, рекла Сара.heroj.jpg-500

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1