Застрелан Близнакот од Ѓорче – еден од телохранителите на раководството на СДСМ


Со три прострелни рани, вечерва околу полноќ бил донесен во болница Даниел Трајковски, во скопското криминално подземје познат како Близнакот од скопската населба Ѓорче Петров, јавува порталот Старт, повикувајќи се на болнички извори.gjorc

Според информациите, Близнакот бил донесен во Ургентниот центар на Клиниките „Мајка Тереза“ со прострелни рани во пределот на градниот кош, стомакот и раката.
Според информациите објавени во медиумите, на пукотниците им претходела брктоница со автомобили во при која, повредениот загубил контрола, удрил во една жардинера на булеварот Партизански одреди кај бензинската станица Макпетрол по што врз него биле истрелани повеќе куршуми.gjorc
Според неофицијалните информации, Трајковски бил сам во возилото. По пукањето, напаѓачот побегнал. Трајковски според неофицијалните информации во болница е префрлен во полу свесна состојба и веднаш испратен на операција.
Даниел Трајковски Близнакот е познат лик во скопското подземје. Никогаш не ја криел својата блискост со СДСМ, а често фигурираше и како телохранител на дел од највисоките структури на партијата.

Од МВР се уште нема официјални информации, но дел од медиумите веќе почнаа да шпекулираат со можните причини за инцидентот. Според овие шпекулации, Близнакот станал жртва на луѓето од кои изнудувал пари.

Полицијата се очекува во текот на утрешниот ден да излезе со подетални информации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1