Застрелан маж пронајден покрај автопатот Тетово-Гостивар


Гостиварецот Рефек К. (56) попладнево е пронајден мртов покрај канал за наводнување во близина на автопатот Тетово – Гостивар близу Пумчевиште.
Според првичниот увид, на безживотното тело има две рани за кои се претпоставува дека се од огнено оружје.policiska-lenta

Во тек е увид од полицијата и јавниот обвинител по кој се најавуваат повеќе детали.

Рефек К. на 20 јануари е пријавен за исчезнат. Телото пронајдено попладнево се наоѓа покрај автомобил марка „рено“, а покрај него бил пронајден и пиштол. Раните се во главата и стомакот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1