Почина проф. д-р Јован Тофоски


По долго и тешко боледување, завчера во Скопје почина проф. д-р Јован Тофоски, претседател на Македонско лекарско друштво и поранешен министер за здравство. Погребот на Тофоски е извршен вчера во кругот на семејството, јави МИА.

Проф. д-р Јован Тофоски е роден 1940 година. Студиите на Медицинскиот факултет во Скопје ги завршил во 1965 година, како најдобар студент од основањето на Медицинскиот факултет во Скопје.tofoski

По првото вработување во Институтот на медицина на трудот „Рудници и Железарница-Скопје”, од 1970 година работи во Гинеколошко-акушерската клиника при Медицинскиот факултет во Скопје, каде што ја завршил и специјализацијата. Извесен период бил и директор на Клиниката за гинекологија и акушерство. Докторирал во 1985 година, а во 1997 година е избран за редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Проф. д-р Јован Тофоски беше автор или коавтор на над 130 стручно – научни трудови.

Проф. д-р Тофоски ја извршуваше и функцијата претседател на Црвениот крст на поранешна Југославија и експерт на Светската здравствена организација од областа на репродуктивното здравје.

Проф. д-р Тофоски беше министер за здравство во втората Влада по осамостојувањето на Република Македонија. Носител е на повеќе признанија, како и на највисокото, на Македонско лекарско друштво – повелбата „Трифун Пановски”.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1