Затворот Гарстен во Горна Австрија, по грешка, три години порано го ослободил граѓанинот на Србија кој таму издржувал казна затвор поради грабеж, па сега го повикуваат да се врати, објавил денес весникот Oberoesterreichische Nachrichten.
Генералот Петер Прехтл, изјавил дека жали поради таа “болна” грешка, но застанал во одбрана на затворските службеници, тврдејќи дека тие се сепак “добри луѓе”
Непланираното кратење на затворската казна настанало поради погрешно внесување во компјутерот. Поради тоа, 30-годишниот Србин бил ослободен од затвор и протеран од Австрија. Сега Австрија повторно го бара назад.
На негова адреса во Србија веќе бил пратен повик повторно да се јави на издржување на казна, а доколку не го направи тоа, ќе биде распишана меѓународна потерница.