“Затвор за 20 минути акција?” Скандалозен испад на богаташ чиј син силувал онесвестена девојка


20-годишниот Брок Тарнер, поранешен пливач на елитниот американски универзитет Станфорд, бил осуден за кривично дело напад со намера за силување на само шест месеци затвор, од кои три ќе ги мине во окружниот затвор.
Инаку, за ова злосторство во поголем дел од случаите се заканува затворска казна од 14 години.biznismen razmazen

Брок кривичното дело го извршил на 17. јануари 2015. година, кога сексуално злоставувал 23-годишна девојка во несвест, која претходната вечер била на забава. Таа наредниот ден се разбудила во болница, и не се сеќавала на ништо од претходната вечер.

Затоа еден сведок јасно видел како Брок ја злоставува онесвестената девојка зад контејнер за ѓубре во кампусот на универзитетот.

За судијата Арон Перскиј тоа очигледно не било доволно. Рекол дека “позитивниот карактер” и тоа што обвинетиот не бил казнуван претходно, е причината поради која се решил за поблага казна и додал дека “затворот би имал лошо влијание на момчето”.

Тоа што неговата жртва ќе пати остатокот од животот поради дивјачкиот чин, очигледно не играло доволно силна улога.

Иако жртвата прочитала потресно писмо за своето искуство кое ја потресло целата држава, судијата не бил воопшто допрен од истото.

Но, затоа богатиот татко на осудениот спортист студено прокоментирал дека неговиот син не мора да оди во затвор поради “20 минутна акција” и ги згрозил американската и светската јавност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1