Затвор за деканите кои ќе се оглушат на владината одлука за спроведување државен испит. Во предлог законот за изменување и дополнување на законот за високо образование кој е веќе испратен до собранието предвидено е и времетраењето за издржување на оваа казна
Промените во законот за високо образование кои во саботата поминаа на Влада, предвидуваат остри казни и глоби. Ректорите и Деканите кои им издаваат дипломи на студентите без да подлежат на државен испит, ќе се казнат со една до три години затвор, додека универзитетите ќе се казнат со парична казна од 10 до 30 илјади евра.
Член 69
„Одговорното лице во високото образование кое издава диплома за студентот кој ги има завршено студиите за високо образование, но без да го помине државниот испит или дозволил студентот да полага испити од трета година од студиите без претходно да го поминал државниот испит (на крајот на втора година) ќе се казни со затвор од 1 до 3 години.“
Член 167
„На институцијата која им дели дипломи на студенти за завршување на студиите или доколку на студентот за време на студирањето му е дозволено да полага испити од трета година без да го има положено државниот испит на крајот од втора година, ќе им биде изречена парична казна од 10 до 30 илјади евра и мерки за прекинување на активностите во високото образование.“
Државниот испит, нагласи Груевски, ќе овозможи поквалитетен високообразовен кадар, а за студентите што учат смета дека нема да имаат проблеми со полагањето.
– Не би сакал еден ден да се изгради зграда која ќе падне затоа што ја изградил градежен инженер, кој си ја купил дипломата, рече Груевски.