Затворена болницата „Санте плус“ каде почина родилката од Кичево


Поради констатирани недостатоци, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера ја затворил приватната здравствена установа Свети Лазар (Моја Болница-Санте Плус), каде почина родилка од Кичево.

Забраната за работа, како што соопштија од ДСЗИ, важи се до отстранување на констатираните недостатоци.

„На ден 23.01.2018 год. (вторник) од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е извршен вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Свети Лазар (Моја Болница-Санте плус),
во однос на почитување на законската регулатива, при што се констатирани недостатоци, заради што од страна на ДСЗИ, записнички и со решение е дадена забрана за работа се до отстранување на констатираните недостатоци“ се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Медиумите објавија за смртта на родилката, 31 годишната Дебора Џамбази која починала при породување со царски рез. Младата жена, познат стоматолог од Кичево на која ова и било прво породување бидејќи се лекувала од стерилитет, отишла да се породи во приватната болница Санте Плус (каде што не била лекувана или следена претходно)и при вовед на целосна во анстезија со царски рез при ставање на тубусот и се зaтвориле дишните патишта при што не можела да дише.

Родилката починала во четвртокот, а во болницата требало да се породи со своето прво дете. Смртта кај неа настапила кога почнала процедурата за царски рез, поради компликации при дишењето. Состојбата на бебето е стабилна и тоа се наоѓа на Клиниката за детски болести.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1