Инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат(ДСЗИ) и на Агенцијата за храна ја затворија кујната „Галакујна“ лоцирана на Булевар „Србија“ заради сомнеж за труење со храна на 11 деца кои посетувале академија за фудбал во ФФМ, како и еден физиотерапевт, потврдија од ДСЗИ.
Тие на 7 март побарале помош во ПЗУ Медика каде се жалеле на болки во стомакот и дијареја, но пријавата од амбулантата до Центарот за јавно здравје стигнала дури денеска.
„Галакујна“ е затворена поради сомнеж за Алиментарна токсоинфекција од храна конзумирана таму. Затворена е со лента од инспектори на ДСЗИ и АХВ, како и екипи на ЦЈЗ и Институт за јавно здравје. Земени се примероци од храна од едниот и од површините од двата објекта, но тој во Карпош не е затворен. Инспектори утре ќе одат во контрола на ПЗУ Медика да се види зошто толку доцна ја поднеле пријавата“, изјави за НОВА, Ирина Бухова, директорка на ДСЗИ за НОВА ТВ.