Затворени 13 скопски локали во координирана акција на МВР и инспекциските служби


Шест часа, од десет часот синоќа до два часот утрината викендов, траела координираната акција на полицијата со инспектори од УЈП, инспекторатот за труд и пазарниот инспекторат во која ја чешлале работата на 24 угостителски објекти. Кај повеќе од половина биле утврдени неправилности во врска со пречекорачување на работното време, точење алокохол на малолетници или пак, незидавање на фискални сметки. Акцијата била спроведена по претходно изготвени анализи и добиени оперативни сознанија дека не се почитуваат законските прописи за рработа во повеќе кафулиња и ресторани.

„Во осум угостителски објекти е евидентирано присуство на малолетни лица, а приведени се четири малолетници, двајца за користење наркотични средства, а двајца за утврдување на идентитет. Поради утврдени неправилности, затворени се 13 угостителски објекти, а на едукација се повикани пет сопственици на угостителски објекти“.

Од нив, пет кафулиња се затворени првично на 15 дена, додека осум ќе останат пломбирани по 30 дена. Полицијата вчера спровера и зајаната акциска контрола за управувањето на возило од граѓани под дејство на алкохол. Алкотест бил направен на 272 возачи и притоа кај 102 возачи е утврдено присуство на алкохол над дозволените граници. Констатирани се и 49 други прекршоци за кои е изречена парична казна или е утврден прекршок.

од МВР најавуваат дека во следниот период ќе следуваат нови вакви координирани контроли.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1