Затворени улици во центарот на Скопје поради вечерашниот голем народен собир


Улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“ во центарот на Скопје, од утрово се затворени поради големиот народен собир кој ќе се одржи вечерва во 20 часот.

Пред Порта Македонија се поставува бина и озвучување и се расчистува околината, бидејќи според најавите вечерва се очекува масовен протест.  sobranie2

Во повикот на ВМРО-ДПМНЕ за митингот, се наведува дека, партијата, како и секогаш до сега ќе се бори за стабилна, силна и економски развиена Македонија и нема да дозволи заради ниту еден личен или партиски интерес државата да биде втурната во правец кој ќе е на штета на секој еден граѓанин на Македонија.

– ВМРО-ДПМНЕ заедно со македонскиот народ, со сите граѓани, со Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците и сите други ќе излезе на голем народен митинг за поддршка на стабилна и силна Македонија. Граѓаните на Македонија ќе излезат на улиците на Скопје за да покажат дека се борат за почитување на правото на глас, за почитување на изборната волја, за отварање на нови работни места, граѓаните на Македонија ќе покажат дека се борат за новите фабрики и автопати, се вели, меѓудругото, во текстот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1