Мухамед Зекири: Се дистанцирам од ЗНМ додека Селмани е претседател


Главниот и одговорен уредник на Алсат-М телевизија, Мухамед Зекири утрово преку Фејсбук статус неочекувано распали по Селмани и објави дека од денеска јавно се дистанцира од ЗНМ и се додека нејзин претседател е Насер Селмани го замрзнува неговото членство во ова здруженије и ги повикува, првично колегите од АЛСАТ М, а потоа и сите други да го следат овој негов чекор.muhamed zekiri

Од денеска јавно се дистанцирам од ЗНМ и се додека нејзин претседател е Насер Селмани јас го замрзнувам моето членство во ова здруженије и ги повикувам, првично колегите од Алсат М а потоа и сите други да го следат овој мој чекор.

Најмалку Насер има право да ги навредува Албанците кои вчера беа дел од протестите чија единствена цел е да замине во историјата ЗЛОТО наречено Груевски. Најмалку овој Насер има право да ги смета сите тие што беа таму за малоумни и изманипулирани а уште помалку има право да изигрува „албански патриот“.  Ако твојот г‘з Насере е под било каква хипотека кај оваа власт, тоа е твој проблем, не ниту мо,ј ниту на Албанците, ниту ничиј друг. – Статус на Фејсбук на Мухамед Зекири

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1