Вчера околу 17,00 часот од страна на патрола во реон на Миратовачки пат, запрено било лице кое не поседувало документи за идентификација, по што во ПС за ГН-Сопот врз основа на копија од патна исправа бил утврден идентитетот, а се работи за Б.К. (30) од Скопје.
По извршена проверка било утврдено дека по лицето има распишано потрага од страна на СВР-ЕИИП Скопје за избеган затвореник од КПУ ВПУ Идризово.
За сторен прекршок за недозволен премин на д/г на лицето му бил издаден платен налог спротивно на член 9 казниво по чл.68 од Закон за гранична контрола.
По основ на распишаната потрага околу 20,40 часот од патрола од СВР Куманово било извршено преземање на лицето и негов спровод согласно расписот.