Безживотно тело на затвореник вчера е пронајдено во казнено поправната установа во Струга.
Затвореникот бил на возраст од 35 години и бил осуден за кривично дело загрозување на сигурноста.
Телото на починатиот по наредба на јавниот обвинител е предадено на обдукција, а започната е истрага за да се откријат причините за смртта.