Мртов човек кого што водите го исфрлиле на брегот завиткан во пластична вреќа и со нозете во бетон е идентификван како 28-годишен поранешен затвореник од Бруклин кој бил во големи долгови, известува локалната полиција.
Питер Мартинез должел многу пари, им кажала неговата девојка на полициските иследници.
Неговото тело го нашол студент, во близина на булеварот Ориентал. Тој не бил застрелан, ниту избоден со нож. Бил најден завиткан во црна пластична вреќа, рацете врзани одзади, а нозете полиени со бетон.
Мартинез бил апсен триесет и еден пат. Во 2011 бил осуден на две години затвор откако бил обвинет за кражба на идентитет во областа Сафолк.