Неда Арнериќ ќе остане доживотен инвалид: „Извинете соседу, сакав да се убијам“!


Неда Арнериќ, српската актерка нам добро позната како „Исправи се Делфина”, во неделата падна од третиот спрат, на висина од десетина метри од својата тераса. Лекарите стравуваат дека поради тоа Неда можеби ќе остане во инвалидска количка до крајот на својот живот.delfina-640x360

63-годишната актерка со падот скршила три пршлени, поради што постои опасност да остане неподвижна. Таа е итно задржана во Ургентниот Центар каде лекарите прават се за да ја задржат во живот.

Интересен е исказот на соседот кој прв ја здогледал актерката по падот:

„Некој викаше за помош, излегов и ја видов Неда како лежи на плочникот. Не можеше да ги мрда рацете и нозете, само ми рече: Извинете соседу, сакав да се убијам“.

Нејзиниот сопруг пак тврди дека дошла уморна од работен состонок и отишла да ги пружи алиштата, по што се лизнала и паднала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1