Затвореници во Штип и Идризово три дена штрајкуваат со глад, најавен протест


По реакцијата на дел од граѓанските здруженија, и пратеникот од владеачкиот состав Павле Трајанов вели дека има основа и причина за донесување на нов закон за амнестија, јавува ТВ 24 Вести.

Пратеникот Павле Трајанов вели дека законското решение треба да се однесува и на актуелната состојба со мигрантите – односно лицата осомничени или обвинети за нелегален пренос на мигранти, бидејќи сега тој процес е декриминализиран.zatvor kjelija

Граѓанската иницијатива за донесување на „Закон за амнестија на осудениците“ и денeска потсети дека во понеделник ќе побара позитивен одговор од Претседателот на Собранието распишување Граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање на 10.000 потписи за доносување на Закон за амнестија во законски предвидениот рок.

Во меѓуврeмe, веќе трет ден дел од осудениците од затворот во Штип и од КПД-Идризово штрајкуваат со глад.

Во телефонски разговор, еден од осудениците за 24 Вести веќе изјави дека храната ќе ја одбиваат се додека законот за амнестија не стигне на разгледување кај пратениците.

Од семејствата на затворениците порачаа дека доколку законот за три дена не влезе во собраниска процедура со шатори ќе протестираат пред Собранието.

Инаку во земјава последната општа амнестија е спроведена во 1999 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1