Владимир Тодоровиќ, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општината Центар добил 90 гласа од затворениците (кои што гласаа во саботата) и тоа му било доволно за да се пласира во вториот круг, дознава „Нова Македонија“.
Тодоровиќ од затворениците, болните и изнемоштените лица добил вкупно 230 гласа
Државната изборна комисија се уште не објавила конечни резултати за Центар, во моментов таму се обработени нешто над 90 отсто од избирачките места (60 од 66). Според тие резултати, кандидатот на здружената опозиција Андреј Жерновски има предност од околу 1.300 гласа пред Тодоровиќ, што му е доволно за победа во првиот круг.
Сепак, дознаваме дека во таа општина имало пресврт во последниот момент, а гласовите на затворениците биле пресудни за победникот да не се одлучи во овој изборен круг.
Нова Македонија