Убиецот на Тијана Јуриќ, Драган Џуриќ вчера е осуден на 40 години затвор.
Пресудата веднаш предизвика бројни коментари, а друштвените мрежи се преплавени од коментари дека монструмот во затворот ќе посака никогаш да не се родил и дека дури сега ќе ги почувствува последиците од својот гнасен злочин.
Затворениците му порачуваат дека ќе му посакаат „добредојде“ кое никогаш нема да го заборави.
– Злосторнику, не се грижи, ќе ти биде убаво кај нас. Ќе те пречекаме како Северина, искоментирал еден затвореник.
Инаку, силувачите и убијците на деца вистинската казна за стореното дело ја доживуваат веднаш по пристигнувањето во затвор, а прво нешто со што ќе се соочат е силување и изживување.