Станицата на лондонската подземна железница „Голдерс грин” денеска беше затворена од безбедносни причини, поради автомобил кој подолго време бил оставен близу влезот, соопштија локалните власти.
Портпаролот на полицијата изјави дека во 8 часот по локално време (9 часот по средноевропско време) добиле дојава за сомнителен автомобил близу станицата, која инаку се наоѓа во еврејскиот кварт на Лондон.
Полицијата трага по сопственикот на возилото.