Дејвид Грејсер од местото Провиденс на Роуд Ајленд (САД) е зависен од јадење инсекти. За време на изминатите 11 години, пробал околу 5.000 различни бубачки, а меѓу омилените му се бубашвабите, шкорпиите и мувите во стадиум на кукли, кој секогаш ги има во змрзнувачот во неговиот подрум.
Во емисијата на телевизијата TLC – „Мојата чудна зависност“, Грејсер, меѓу останатото, демонстрирал и како со мрежа лови инсекти и како „безболно“ убива со замрзнување.
Грејсер е оженет, татко на едно дете и работи како наставник по англиски јазик. Со други зборови, води главно нормален живот, освен кога станува збор за необичните навики во исхраната.
Ми зборуваат дека сум луд, болен, чуден и мислам дека тоа значи дека не сум баш популарен, вели тој
Неговата сопруга Ким не е нималку воодушевена од гурманската склоност на нејзиниот маж, која по нејзиното мислење со текот на времето е се посилна и се претвара во вистинска опсесија.
Тука е фактот дека во замрзнувачот во подрумот имаат 20 разни видови на инсекти вкупно околу 12.000 примероци, кои Гејсер ги чува уредно спакувани во пластични вреќички и ги смета за негова „редовна залиха“.
Тој е борец за исхрана со инсекти (односно ентомофагија) уште од 2001 година, а во меѓувреме имал голем број на ТВ настапи и предавања ширум светот во кои настојува да ги промовира нејзините предности во однос на вообичаената храна.
Меѓу останатото, тој тврди дека чинија скакулци претставува многу поквалитетен оброк од говедски шницли –со помалку масти, повеќе витамини и далеку помали трошоци за производство.
Хит Портал