Завршен најскапиот развод во историјата: Разузданата манекенка доби само 53 милиони фунти


Еден од најскапите разводи во историјта конечно е завршен, но веруваме дека по судската одлука ниту една страна не отишла дома насмеана.

На поранешната супермоделка Кристина Естрада (54) која го тужеше својот поранешен сопруг, милијардерот Валид Џуфали (61) побарувајќи бракоразводна отштета од 196 милиони фунти, доделени и се само 53 милиони фунти ссо одлука насудот , пренесува „Дејли мејл“.9-520x346

Естрада побарала нејзиниот поранешен сопруг да ѝ исплати баснословна сума на пари за да може таа да продолжи со својот лагоден живот, кој го водела досега.

Така навела дека и се потребни 55 милиони фунти за нова куќа, милион фунти годишно за нова облека, половина милион фунти за пет луксузни автомобили.

Таа во судницата ронела солзи обидувајќи се да објасни зошто тие пари и се потребни.

– Јас сум Кристина Естрада. Бев меѓународен топ модел. Живеев таков живот. На тоа навикнав – му порачала Естрада на адвокатот кој го застапува нејзиниот поранешен сопруг.

За тоа време Џуфали во болница во Цирих води битка со ракот, па не присуствувал на рочиштето во Лондон. Нејзините адвокати тврдат дека Џуфали е „тежок“ 8 милијарди долари, Но овој саудсики шеик кој зад себе има три пропаднати брака тврди дека таа бројка е претерана и дека има само 113,8 милиони фунти.

Во изјава за судот изјавил дека поголем дел од своето богатство го оставил за своите три најстари деца, меѓу кои и неговата ќерка со Естрада.

Шеикот се разведе од манекенката во 2014 година во Саудиска Арабија под исламските закони и без негово знаење.

Проблемите во нивниот брак се појавија во 2012 година кога одлучил да се ожени со 25-годишна манекенка од Либан, додека бил во брак со Естрада.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1