Завршена обдукција: Телата на убиените терористи ќе им бидат предадени на семејствата


Министерството за надворешни работи на Република Македонија испратило информација до Амбасадата на Косово во Скопје дека е завршена обдукцијата на телата и идентификацијата на девет лица кои загинаа во полициската акција во Куманово, потврдија од македонското МНР.

Косовската амбасада треба да ги информира семејствата на загинатите припадници на криминално-терористичката група дека можат да дојдат во Скопје да ги подигнат нивните тела.

teroristi-kumanovo

Јавното обвинителство на Република Македонија во на 17 мај соопшти дека во полициската акција минатиот викенд во Куманово загинале 10 припадници на терористичката група.

При увидот на местото на настанот, како што наведе Обвинителството, пронајдени се десет трупа, за кои по извршената обдукција се утврдило дека припаѓаат на терористичката група.

Министерството за внатрешни работи првично и неофицијално информира дека во полициската акција биле убиени 14 терористи.

Косовските медиуми денеска објавуваат дека македонските власти по завршената обдукција одобриле да бидат преземни телата на деветмина убиени припадници на „Кумановската група“: Џафер Земерај, Бега Ризај, Мирсад Ндрецај, Валон Кабаши, Тугај Гаши, Самид Кастриот, Хисен Рушити, Фатлум Вишесел и Арбен Раџај.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1