Заврши летниот распуст – 280.000 ученици повторно во училиште


За околу 280.000 основци и средношколци заврши летниот распуст и од утре за нив почнува новата 2014/2015 година.

Учебната година почнува со засилени хигиенски мерки и дезинфицирани училници поради појавата на зараза од жолтица во неколку општини.

prvaceНадлежните органи препорачаа засилени превентивни мерки против жолтицата. Комисијата за заразни болести апелира на зголемување на личната и колективната хигиена, како најважен начин за превенција од оваа заразна болест.

Надлежните ги задолжија училиштата и градинките да преземат соодветни мерки за зголемени хигиенски услови што ќе се проверува од инспекторите.

И покрај сите околност од Министерството за образование уверуваат дека обезбедени се услови во училиштата во сите општини во земјава непречено да почне новат учебна година.

Оваа учебна година, новина е што учениците од прво до трето одделение ќе изучуваат предмети кои до сега се учеа во повисоките оделенија како : хемија, физика и биологија.

Годинава за првпат во училишнатаа клупа ќе седнат 20 илјади првачиња, а новата учебна година почнува за 280.000 основци и средношколци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1