По три недели пауза, утре, околу 280 илјади ученици ќе им се вратат на школските клупи.
За ова полугодие е интересен фактот што споредено со ланските години, предвидено е екстерното тестирање на 20 илјади матуранти да се одржи на 22 и 24 јануари. Матурантите ќе бидат тестирани во два предмета.
Од денес низ сите средни училишта во Македонија се објавени распоредите, односно бројот на учениците и предмети по кои учениците ќе полагаат.
Бројот на прашања по наставен предмет зависи од тоа колку е тој застапен неделно, така што за предмет што учениците го имаат еднаш во неделата, во просек ќе има околу сто прашања.Матурантите годинава ќе го полагаат првиот дел од екстерното тестирање во јануари, на половина од материјалот. на крајот од годината ги чека полагање и на државната матура. Останатите ученици (од прва, втора и трета година) ќе се тестираат кон крајот на оваа учебна година.