Завршија протестите за „Монструм“ – Исполнување на барањата или продолжување на протестите


Протестите беа мирни и траеа околу половина час

По петочната молитва, околу 300 демонстранти тргнаа од Јаја Паша по булеварот Крсте Петков Мисирков на протестот против доживотните казни изречени за обвинетите во случајот „Монструм“.

bitpazar-3Протестантите извикуваа „УЧК“ и носат транспаренти на кои пишува  „Владеење на правото е еднакво на нула“,  „Пресуда по диктат“, „Изислени мотиви“, „Јанкуловска терорист“.

Тие останаа на истите барања како и минатиот пат. Побараа од сите албански политички партии да бидат со нивниот народ, а не со оние кои го дискриминираат албанскиот народ во Македонија.

„Во Македонија кога се во прашање Албанците, не постои систем на право, туку правото е преобразено во систем на државно насилство.

– Бараме објавување на невиноста на нашите роднини и нивно ослободување, итно разрешување на Јавниот обвинител и судијата и нивно кривично гонење за злоупотреба на службена должност, оставка на Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и итно ослободување на сите приведени лица од протестите во Скопје и Тетово“, изјавија од Координативниот совет против политички монтираниот процес „Монструм“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1