Леонард Нимој, кој го толкуваше легендарниот лик во оригиналната Стар Трек серија почина од болест на белите дробови откако бил хоспитализиран на почетокот на неделава. Имаше 83 години.
Неговата сопруга, Сузан Беј Нимој, изјави за Њујорк Тајмс дека починал од болест на белите дробови која ја стекнал заради пушењето цигари, навика што ја оставил пред 30 години.
,,Престанав со пушење, но предоцна. Напревете нешто за вашето здравје, престанете да пушите веднаш за да имате што подолг и поквалитетен живот, објави минатата година Нимој на социјалните мрежи.,,
Нимој глумеше заедно со Вилијам Шатнер во оригиналните „Стар Трек“ серијали од 1966-та до 1969-та година. Неговото портретирање полу-човек, полу-Вулканецот Спок беше совршен баланс на ликот на Шатнер, капетанот Кирк.
Последниот твит го објави во понеделникот: