Збогум, Winamp! Дојде крајот на омилен плеер!


Наближува крајот на една ера. AOL објави дека музичката услуга Winamp ќе биде прекината на 20 декември 2013 година. Овој чекор ќе влијае и на веб страната Winamp.com, услугите поврзани со неа и со нејзините Winamp медиа плеери. А еве и еден интересен факт: Winamp има полни 15 години.

winamp-650x325Првата верзија на плеерот Winamp се појавува на Интернет на 21 април 1997 година. Тој е развиен од двајца ученици и за кратко време станува многу популарна програма и станува омилен плеер помеѓу многу корисници. Во 2010 година излезе Winamp верзијата за Android, но за оваа платформа, тој за жал не успеа да стане многу популарен.

Winamp присуствуваше на многу домашни забави и забавуваше многу корисници ширум светот, уште од времето на Windows 98. Овој плеер продолжи да биде масовно користен дури и при излегувањето на Windows XP, а бројните додатоци го правеа навистина мултифункционален, додавајќи му дополнителни функции, визуелизации и секакви можности за подесувања на звукот. Тоа дополнително го зголеми интересот на потрошувачите кон него и можеби затоа толку долго време продолжи да присуствува на хард-дисковите на милиони компјутери во светот.

Со развојот на технологијата и појавата на iTunes и онлајн услугите за слушање на музика, како Spotify и Pandora, Winamp самоуверено ја напушти сцената.

Последната надградба на Winamp за Windows беше лансиран вчера, а Android верзијата не е ажуриран од 14 октомври .

Socialnet.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1