bebe_raka-500Потврдата за смртта на новороденчето кое се уште немало ни еден месец го издала локалната детска болница во провинцијата Анхуи, а според пропишаната постапка, телото на починатото дете требало да биде кремирано.

Бебенцето од машки пол имало вродена мана на органите за дишење. Како што соопштуваат од болницата, неговите родители на 12 ноември се согласиле да го прекинат лекувањето.

Сепак, бидејќи детето давало знаци на живот било продолжено со трансфузија. Се испитуваат причините поради кои детето по грешка  е прогласено за мртво, а лекарот и медицинскиот персонал кои тој ден биле дежурни се привремено отстранети од работа.

Детето сега е на реанимација и интензивна медицинска нега.