Карамел печени сливи со додаток кандирана цреша. И сево ова со малку цимет. Супер овошен десерт. Наша препорака е овие печени сливи да ги пробате во комбинација со сладолед.
Печени сливи
Состојки
- 8 големи сливи
- 16 цреши (кандирани)
- 45 г кафеав шеќер
- малку цимет
Подготовка
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Сливите измијте ги и поделете ги на половина. Остранете им ја семката.
- Наредете ги во тавче за печење обложено со хартија за печење. На секоја слива ставате по една кандиран цреша.
- Измешајте го кафеавиот шеќер со циметот и наросете на секоја половинка.
- .Печете од 15 до 20 минути, односно додека сливите ен добијат убава карамел боја.
migusto.mk