Здрава и жива, пронајдена исчезнатата стружанка


Веднаш по објавувањето во медиумите, пронајдена е Анита Матлијоска Кочовска, која од пред два дена се водеше како исчезната, јави порталот Охрид1.isceznataanita1-640x360-82864

Според информациите до кои дојде Охрид1, таа е пронајдена во близина на струшкото село Маруништа, жива и здрава.

Сеуште не се познати причините за тоа зошто Анита го напуштила домот и како стигнала од Струга до Маруништа.

Последен пат била забележана наспроти „Рамстор“ после пазарот во Струга на 16-ти октомври, околу 8:20 часот наутро. На себе носела темно кафена јакна, црни пантолони и бели патики.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1