Здравствено осигурување за хонорарците до 60 денови после уплатата


Фондот за здравствено осигурување на Македонија направи измени во Правилникот за остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, склучи анекс на договор со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија за електронска размена на податоци и изработи софтвер за електронска обработка и пресметка на времетрањето на здравственото осигурување.pacient kniska zdravstvo

– Осигуреникот правото од здравствено осигурување ќе го користи за временскиот период утврден во пристигнатата пријава од ФПИОМ. Со новото решение, кога осигуреникот ќе го плати придонесот за здравство, за времето за кое уплатил придонес, ќе добие здравствено осигурување, но не подолго од 60 дена, одредба која важи за сите осигуреници по друг основ, соопшти ФЗОМ.

Со новото софтверско решение, според Фондот, се решава статусот на лицата кои оствариле и/или остваруваат приходи од договор на дело и/или авторски договор.

Хонорарците имаат должност исплатените хонорари да ги пријават во ФПИОМ и за нив да платат придонеси за социјално осигурување. За да ги остварат правата од здравствено осигурување, Фондот апелира за навремено пријавување и уплаќање на придонесите за здравство.

Хонорарите треба да ги пријават вработени/пензионери кои во моментот на пријавување на исплатените хонорари од договор на дело/авторски склучиле договор за хонорари над 21.588 денари и невработени кои во моментот на пријавување на исплатените хонорари над 9.590 денари. Придонесот за здравствено осигурување се плаќа на разликата меѓу примениот хонорар по основ на договор на дело/авторски договор или друг вид на договор и минималната нето плата (за невработените), односно просечната нето плата (за вработените, самовработените и пензионерите).

Лицата од оваа категорија граѓани, кои во изминатиот период користеле здравствена услуга, а имаат платено придонес за здравствено осигурување, имаат право да поднесат барање за надоместок на средства во подрачните служби на ФЗОМ по што здравствените услуги ќе им бидат рефундирани во согласност со подзаконските акти на ФЗОМ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1