Здружението „Илинденски марш“ по 40 години традиција остана без средства од култура


Неизвесно е дали годинава ќе се одржи традиционалниот „Илинденски марш“ кој слави 40-ет годишен јубилеј.. Здружението на граѓани не добило ниту денар од Министерството за култура за коњаницата која секоја година се движи од Горно Лисиче до Крушево на денот на македонското востание 2-ри август..

Со распределбата на пари од култура, не се согласува и Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија.. Се сомневаат во стручноста на комисијата и велат дека произволно биле доделените сумите за ансамблите..

„Овде буквално не се знае каде се распределени средствата, на најсолидните ансамбли и најголемите КУД им се дадени нула денари – ова никогаш не било“, вели Антонијо Димитриовски Претседател на Сојуз на фолклорни ансамбли на РМ.

Од фолклорниот сојуз на Македонија додаваат дека за речиси непознати фолклорни ансамбли пак Министерството било многу дарежливо а сумите кои ги доделило надминуваат и половина милион денари..

Изминативе денови, уметниците бурно реагираа на сумите и проектите кои ги поддржа култура.. 50 илјади евра за Тетовскиот фестивал „Евент“, 900 илјади денари за сојузот АРТ Тетово, 380 илјади за издавање албум и концерт на Виган Максути, се само дел од проектите за кои реагираше јавноста..

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1