Благој Механџиски, основачот на најголемиот ланец аптеки Зегин, влегува во нов бизнис, објави Капитал.
Пред неколку дена тој во Централниот регистар ја основал фирмата Зегин такси фарм, во кој тој се јавува како единствен сопственик и управител.
Новата фирма е регистрирана како такси служба. Неофицијално, преку оваа фирма ќе се воведе можноста лековите од аптеките на Зегин граѓаните да можат да ги нарачаат и да им се достават преку такси служба, пишува Капитал.