Зекири: Џафери и ДУИ да објаснат зошто го спасија побратимот Вељаноски


Талат Џафери и ДУИ треба да објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Трајко Вељановски, напиша на „Фејсбук“ пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, по неуспешниот обид на синоќешната седница да се стави на гласање барањето за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски.

„Го спасија за да ги “спаси” некогаш ВМРО нив или …??? Народот вели: „Во секое зло за добро” … Јавноста уште еднаш го виде вистинското лице на оваа политичка партија. И пророкот Мухамед во една негова изрека има кажано: „Ако не се срамиш, прави што сакаш”.

П.С. ДУИ 2014 = 153.000, ДУИ 2016 = 86.000, ДУИ 2019 = …“, напиша Зекири.

Тензичната собраниска седница на чиј дневен ред беше само точката за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски, која почна нешто по 21 часот, беше прекината од претседателот на Собранието, Талат Џафери, неколку минути после полноќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1