Зекири поднесе неотповиклива оставка од функцијата генерален секретар на Владата


Генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири денеска на својот фејсбук профил објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата.

-Почитуван претседател на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, напиша Зекири.

Тој напомена оти верува во институциите на системот, во правичноста и праведноста и верува дека вистината ќе излезе на виделина. Како што истакна, на сите институции им стои на располагање во секое време, за да ја докаже својата невиност. -Почитуван претседателе, Ви благодарам на укажаната можност да бидам дел од Вашиот владин состав и Ви благодарам што верувате во мојата заложба и посветеност во работата, наведува Зекири на Фејсбук.

Оставката на Зекири следува откако Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба „за спроведување истражна постапка против двајца хрватски државјани и висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице, осомничен дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1