Зел една таблета екстази и му се уништил животот – му се оштетил мозочен нерв (Видео)


Пред неколку дена, 20-годишниот Австралиец Џорди Хурдс на својот профил на Фејсбук објавил фотографија од болница со објаснување дека консумирањето на екстази му предизвикало сериозни здравствени проблеми.

По консумирањето на евтината таблетка екстази на една забава, момчето доживеало исклучително лоша реакција и му бил оштетен мозочен нерв, а како последица на тоа сега тој  пелтечи и чувствува тремор по целото тело.ekstazi

– Не го сакам вашето сожалување, туку сакам да ви укажам на тоа дека ова може да им се случи и на други млади луѓе. Излегувањето и забавувањето, консумирањето на „рекреативни“ дроги може да се чини како добра идеја и не размислувате за тоа во колкава мерка тоа може да ви ги промени животите. Јас сум среќен што сум воопшто жив, а уништен ми е мозочен нерв и се соочувам со тоа дека може цел живот да пелтечам – напила Хурдс на својот профил на Фејсбук.

Откако неговата фотографија од болница станала вирална, тој одлучил да сними и видео-запис во кој објаснил што му се случило.

Видеото за неколку дена го прегледале преку 2,5 милиони луѓе, а било споделено речиси 90.000 пати.

МДМА или екстази е полуисинтетичка психоактивна дрога којха воглавно има имиџ на „рекреативна“ дрога, и асоцира на бурни забави во дискотеките и ноќните клубови со електронска музика.ekstazi2

Производството, дистрибуцијата и поседување на МДМА е илегално во голем број земји во светот, а поради својата популарност, често е илеаглното производство на различни непознати супстанции кои се продаваат како екстази.

Во таблетите кои корисниците може да ги набават може да се најдат многу штетни супстанци, па така овие таблетки се најнебезбедни за консумирање од било која друга улична дрога, со оглед на тоа што и самата МДМА супстанца може да содржи бројни други и искучително опасни психоактивни супстанци кои може да доведат од различни последици по здравјето.

Погледнете ја неговата моќна порака

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1