Земјите на ЕУ ги отворија границите за патување низ Шенген зоната


Повеќето земји-членки на ЕУ денеска ги отворија границите за патување низ Шенген зоната. И Германија и Франција ги отворија своите граници, додека помал број земји, меѓу кои Шпанија и Португалија, се очекува тоа да го сторат до крајот на месецот.

Од 1 јули треба да следи „втората фаза” од отворањето на ЕУ, што се однесува на постепеното укинување на ограничувањата на надворешните граници на Шенген, во кои се вклучени и земјите од Западен Балкан.

Патниците од денеска на пладне преку апликацијата „Повторно отворете ја ЕУ” ќе можат да добиваат ажурирани информации за граничните премини, за можните ограничувања на патувањето, мерките што се уште се во сила за заштита на јавното здравство во одделни земји

На предлог на Европската комисија, земјите членки веќе почнаа консултации за „постепено и делумно” укинување на ограничувањата на надворешните граници на ЕУ, што треба да почне на 1 јули.

„Европската комисија предлага Западен Балкан да биде на списокот на оние на кои ќе им се отвори границата од 1 јули”, рече комесарот за внатрешни работи Илва Јохансон.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1