Веста која кружеше и го „преплави“ интернет просторот е дека годинава три дена во декември ќе бидат во мрак.
Веста е лажа, креирана од интернет експериментатори:
НАСА потврди дека за време на 3 дена земјата ќе биде во целосен мрак, кој ќе настане на 21, 22 и 23 декември оваа година.
Тие 3 дена мрак ќе бидат тешко време за човештвото, објаснува францускиот научник Моник Матју.
Оваа појава ќе настане како последица на големите олуи и невремето кое ќе следи.
Чарлс Бодин од НАСА ја најави оваа необична појава на соларна олуја, која по неговите зборови ќе трае 72 часа и најверојатно ќе биде најдолгата во последните 50 години.
Дали ова е ново издржано предупредување за крајот на светот или само уште едно сензационално предвидување ќе дознаеме во декември…