Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево, на 19.10.2014 год., во 17 часот и 18 минути, регистрира земјотрес кој потекнува од охридското епицентрално подрачје чиј епицентар се наоѓа на 110 км југозападно од Скопје.
Според досегашните макросеизмички податоци, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.