Земјотрес кај Зеница, затрупани рудари во рудникот


Двајца рудари се повредени а уште осум останале во затрупани под земјата во рудникот за јаглен во Зеница, по придвижување на земјата предизвикано од земјотресот кој ја погоди оваа област од Босна и Херцеговина во четвртокот попладне.

rudariДиректорот на рудникот „Распоточје“ крај Зеница, Есад Чивиќ изјави за телевизијата BHT 1 дека повредените добиле медицинска помош и оти се надвор од животна опасност.

Чивиќ додаде дека се преземаат мерки за извлекување на рударите коишто останале блокирани во еден дел од рудникот. Појасни дека со нив е воспоставена комуникација, а со нив имаат и резерви од кислород, па не се во животна опасност.

Областа на Зеница малку по 16 часот во четвртокот беше погодена од земјотрес за кој сеизмолошките служби јавија дека бил со магнитуда од 3,5 степени по Рихтер. Потресите со ваква силина не предизвикуваат оштетувања на градби, но силно се чувствува на површината на земјата или под неа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1