Земјотрес со јачина на ударот од 5,6 степени според Рихтер утринава е регистриран на источното, тихоокеанско, јапонско крајбрежје, во близина на главниот јапонски остров Хоншу, пренесе ТАСС, цитирајќи ја Националната метеоролошка управа.
Според американските медиуми, магнитудата на ударот била 5,8 според податоците на Тихоокеанскиот центар за предупредувања од цунами.Епицентарот бил на длабочина од 40 километри под дното на океанот, крај брегот на провинцијата Фукушима. Потресот бил почувствуван во вкупно 17 префектури, вклучувајќи ги и соседните Мијаги и Ибараги, а, исто така, и во Токио.
Засега нема информации за настрадани лица и за разурнувања. Немало ниту проблематични ситуации и во АЕЦ „Фукушима“, што беше сериозно оштетена во земјотресот од 2011 година.
Нема соопштение за опасност од цунами.