НОВИ СНИМКИ: Пустош по огромниот пожар кај Сплит


На ЈуТјуб е објавена видео снимки од последиците и пустошот кој го остави големиот пожар кој беснееше изминатите два дена кај Сплит.

Најмалку 80 лица се повредени во пожарите што горат од вчера утрото во северните и источните предградија на Сплит.

Поголемиот број од повредените се пожарникари. Според локалните власти, сите повредени се надвор од живoтна опасност.

Небото над Сплит се уште е сиво, а во воздухот има прилично пепел поради што отежнато се дише.

Според првичните процени во пожарите на потегот од Омиш до Сплит изгореле 4.500 хектари густа борова и ниско стеблеста шума, трева и маслинови насади, а пожарникарите примиле над 5.000 повици од вознемирени граѓани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1