Љубовна драма во струшко: Ја раскинале свршувачката, па ги нападнал неа и семејството


Вчера околу 19,00 часот, во Струга, на ул.„Маркс Енгелс“, А.И.(26) од с.Корошита-Струга кој бил поранешен свршеник на А.Ш.(26) од Шведска, лице со хендикеп на десна рака, откако ја раскинале свршувачката, со намера да ги врати облеката и златниот накит, отишол во зградата во која престојува истата со семејството и откако видел дека влезната врата од зградата била затворена, насилно ја отворил, влегол во станот и физички ги нападнал и А.Ш. и нејзинито семејство и тоа сестра и А.Ш.(18), татко и Ф.Ш.(50) и мајка и Н.Ш.

Во еден момент во станот пристигнал и братот на А.И., Љ.И.(31) и истите повторно ги нападнале присутните, а во намерата биле спречени од страна на Ж.М. кој престојувал во истата зграда.

Потоа насилството продолжило и пред самата зграда каде сторителите со тупаници го нападнале семејството, при што Н.Ш. паднала во бесознание.

Истата со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Медицински центар Струга, каде и е укажана лекарска помош и е задржана за понатамошно лекување, додека Ф.Ш. се здобил со телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1