Француска пејачка паднала на сцена и починала


Француската пејачка Барбара Велденс колабирала и починала на сцена додека настапувала на фестивал, јавуваат западните медиуми.

Засега не е позната причината за нејзината смрт, но според еден од извештаитe, најверојатно добила струјен удар.

35-годишната Велденс оваа година го направи својот прв албум, а за него доби награда за млад талент.

Полицијата почна истрага за причината за смртта, и засега одбива да шпекулира.

Велденс настапувала заедно со пијанист и гитарист настапот бил дел од нејзината турнеја. Таа стана пејачка откако претходно пораснала во циркус.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1