Во 10.58 часот, земјотрес е почувствуван во Источна Македонија.
Епицентарот на земјотресот бил 39 километри од Пехчево во близина на Сандански, Бугарија. Земјотресот го почувствуваа и жителите на Делчево. Нема информации за јачината на потресот. Освен мала паника кај населението, нема некои посериозни последици од земјотресот.
Вчера имаше четири земјотреси во попладневните часови и истите се почувствувани во повеќе градови.