Уште еден земјотрес вечерва во 19:31 часот беше почуствуван во охридскиот регион.
И овој пат потресот беше краткотраен како и претходниот регистриран денеска во 17:18 часот.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот регистриран во Охрид и околината во 17:18 часот бил со интензитет од три до четири степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998. Епицентарот бил во охридското подрачје односно 110 километри југозападно од Скопје.