Зет 78 и 72-годишна невеста од Скопје стапнале на лудиот камен!


Старосната граница за стапување во брак од неодамна е поместена, па се повеќе млади се одлучуваат на таков чекор по триесеттата година. Според статистиката на матичното одделение, скопјани се подоцна стапуваат во брак и во речиси 70 отсто од браковите младенците се постари од 33 години, пишува Вечер.ljubov stari baba dedo1

Цена Ангеловска, матичарка во скопската служба вели дека денес брак меѓу дваесетгодишници е реткост, а намалена е и бројката на малолетничките бракови.

– Ми остави впечаток еден брак од неодамна, меѓу дедо од 78 години и баба од 72 години, кои се запознале во пензионерски дом, вели Ангелковска.

Според матичарот Зоран Кузмановски, често се случува невестата да биде постара од младоженецот, а во периодот на свадбени прослави склучува дневно и по 15 брака.

Покрај тоа тој вели дека пред него не ретко се случуваат и невообичаени моменти.

Неодамна се случило младоженец да каже трипати „НЕ” пред да се потпише во книгата на вечаните.
Откако сите биле шокирани од ваквиот неочекуван одговор, младоженецот слатко се изнасмеал бидејќи сите му поверувале на шегата. Невестата, вели, била шокирана.

Најмногу бракови се склучуваат во мај, јуни, септември и октомври, кога во викенд се склучуваат и по 17 брака на ден.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2015 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 2.7 отсто изнесува 14 186 склучени бракови.

Најмногу бракови, 1 844 или 13 отсто, се склучени во август, а најмалку, 702 или 4.9 отсто, во март.

Најчесто, околу 90 отсто стапуваат прв пат во брак, по втор пат во брачните води влегуваат околу 8 отсто од венчаните, по трет пат на лудиот камен стапнуваат еден отсто, а 0.7 отсто повеќепати се обидуваат да го најдат својот животен сопатник.

Статистиката вели дека најмалку бракови, 74 или 3.4%, се разведени во август, лани, а најмногу, 205 или 10.5 отсто, во декември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1