Берењето шумски плодови секоја година зема по неколку животи. Во Сараево неодамна беа забележани четири случаи на труење, од кои еден со смртен крај, а поради мразовец, исклучително отровно растение кое многу личи на мечкин кромид, кое има лековити својства и кој се користи во исхраната.
Ова растение во 2012 година беше смртоносно за една жена од Горњи Вакуф, а таа година од последици од труење со мразовец во Хрватска умреа две лица, додека повеќе беа затруени.
До труење најчесто доаѓа поради исклучителната сличност меѓу отровните и билките што се јадат, кои во нашите шуми ги има многу.
– На пример, имаше големи забуни околу билката раставиќ, која има свои два вида од кои едниот е отровен. Луѓето ја мешаат и линцурата со чемериката, која е добар седатив за срце, но само во помали количини, бидејќи во поголеми количини е отровна – вели таа.
Според неа, во Фоча имаше случаи каде боровинките беа заменувани со отровно кучешко грозје, а тој вид повторно со мечкиното грозје кое е лековито.
– Луѓето користеле и бобинки велебија мислејќи дека се јадат, а тие содржат атропин кој исто така е отровен, а забележани се случаи каде луѓе ги мешале кртолите циклами со тартуфите.
За секоја набрана билка за која граѓаните не се сигурни, треба да се консултираат со експерти или планинари, кои исто така се добри познавачи на билки.
– Секоја печурка мора да се познава и мора да се знае нејзиното време на растење, место на виреење и слично. На пролет имаме печурка хрчак, која е отровна и печурка смрчак, која се јаде и многу е квалитетна, а тие можат да ги збунат луѓето кои не знаат многу за печурките – вели Боро Мариќ, претседател на Здружението на печуркари и љубител на природата од Мркоњиќ Град.
Според него, на нашите простори постојат околу 20 видови на печурки што се јадат кои и тие што не се разбираат многу, можат да ги заменат со печурки што не се јадат, додека во шумите се наоѓаат околу 15 видови на многу отровни печурки.
– Во Бања Лука имаше најмногу случаи на труење со црвнеа мухара, која многу потсетува на рујница, која ја викаат и благва. Тие се од ист род и во некои делови се идентични. Имаме и мухари кои се оголени и немаат точки на себе, па некогаш многу потсетуваат на рујница – рече Мариќ.