По овој живот ќе дојде нов, поубав за моите деца – трогателна судбина на Македонско семејство


Во една трошна куќа, во струмичкото село Смоларе, ѕидана со кал и прачки, со голем дрвен чардак со скапани греди, на стотина чекори од смоларскиот водопад, живее семејството Јанкови. Таткото Платон, мајката Надежда и двете болни деца, Благица и Атанас, живеат без струја и вода, во една соба на катот, со три кревети и шпорет на дрва, а во приземјето живеат нивната коза и неколку кокошки. Нивната болна приказна е исткаена и со посебна родителска љубов кон неподвижните деца, пишув Дневник.

0DE2F577F6370D49862DDCEF812B1D7CШеесетгодишните Надежда и Платон велат дека се сакаат од деца. Уште кога пред педесет години, им се сретнале погледите на автобуската станица каде што стоела Надежда. Велат тој поглед го има и денес, но не само од љубов, туку од жал останал затечен пред триесет години, кога им се родиле нивните деца Благица и Атанас.

– Двете се со проблем при породувањето. А третото, здравото дете, ме изгоре. Виктор си отиде. Побегна од дома од срам, поради своите брат и сестра. Сега е во Словенија, се јавува одвереме-навреме само да праша како сме. Kога носеше другарчиња дома, н` предупредуваше да ја смирам сестра му да не писка. А таа од радост не можеше да се соземе. Ни лекови за смирување не ја смирија – раскажува плачејќи Надежда.

Господ така сакал

А нејзинот Платон верува дека по овој живот ќе дојде нов, поубав за неговите деца. За себе не мисли, вели дека Господ така сакал. Тој не ја симнува насмевката од лицето, вели дека ништо не му треба, само малку пари да купи пелени за децата за да може негова Надежда малку да здивне, да не пере во коритото во дворот.

– Kога ќе видам непознат човек на прагот, се плашам дека доаѓаат по децата да ми ги земат. Децата не се добри со здравјето, двете не одат, ќерката не гледа, а и имаат и други проблеми. Повеќе од 20 години не излегле од собава, јас не можам да ги носам. Сега се големи и тешки. Но, јас животот го давам само да им биде подобро. Не ги давам никому. С` додека главата ми е на рамена, тие ќе имаат мајка, нема да се гладни. Тие се с` што сакам во животот. Да, болни се, но се мои – вели Надежда.

Платон вели дека во зима спие на подот, покрај шпоретот, а лете спие надвор во тремот.

– За мене нема зима, кај да легнам добро е. Во лето спијам на чардакот, не можам долго да заспијам, па гледам во ѕвездите, се растажувам. Никогаш не помина тој грч, шок кога ни соопштија дека децата не ни се добри. Велат грешка при раѓање, зарем е можно тоа? – се прашува Платон и по триесетина години.

Вели дека се осамени, оти во селото многу не знаат за нив и колкава е нивната болка.

За себе велат дека тие не знаат да се разболат, лекарот ги знае само нивните деца, а социјалните служби никогаш не дознале за нивната вистинска несреќа, бидејќи никогаш не се пожалиле, иако често немаат пари и за брашно да купат.

Јанкови живеат во столетна куќа скриена меѓу убави куќи, како да бега од погледот на светот.

МариЈа Тасев – целата сторија на Дневник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1